поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42

Стар Завет

Нов Завет

Јов 19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Па, до кога ќе ја измачувате мојата душа, до кога ќе ме сотирате со зборови?

3. Веќе десетпати ме укоривте, и не ви е срам дека ме измачувате.

4. Па ако навистина застранив, мојата заблуда останува со мене.

5. Мислите ли дека ме победивте и дека ја докажавте мојата вина?

6. Знајте: Бог ме притисна мене и Тој ме стегна со својата мрежа.

7. Викам: „Насилство!” - нема одговор молам покорно - ама нема правда за мене.

8. Ми го загради патот од сите страни, ги завитка во темнина сите мои патеки.

9. Ја соблече од мене мојата слава, го симна венецот од мојата глава.

10. Ме потсечува одсекаде и исчезнувам; ми ја откорна надежта, како дрво.

11. Неговиот гнев се распали против мене, и ме смета за Свој непријател.

12. Неговите чети пристигаат во боен ред, насипуваат патишта против мене, го опколуваат мојот шатор отсекаде.

13. Браќата се оддалечија од мене, моите познати се оттуѓија.

14. Ги снема моите ближни и познати, ме заборавија гостите на мојот дом.

15. На своите слугинки им сум како странец, непознат сум во нивните очи.

16. Го повикувам слугата, а тој не одговара, треба да го заколнувам за милост.

17. Моите воздишки станаа одвратни на мојата жена, гнасен сум им на децата на сопствената утроба.

18. И на малите деца им служам за презир, ако станам, ми се криват.

19. Им станав омразен на најблиските пријатели, против мене се оние кои ги љубев.

20. Коските ми се прилепени за кожата и телото, и ми остана само кожа околу забите.

21. Смилувајте ми се, пријатели мои, зашто Божјата рака ме удри.

22. Зошто ме гоните како Самиот Бог, зар не се наситивте со моето тело?

23. О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга;

24. да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.

25. Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата.

26. А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам, во своето тело ќе го видам Бога.

27. Јас ќе го гледам Него како свој, моите очи ќе го гледат, а не некој друг: моето срце во градите, копнее по Него.

28. Кога ќе речете: „Како ќе го гониме? Која причина ќе ја најдеме кога коренот се наоѓа во него?”

29. Бојте се тогаш од меч мечот е казна за грев. Тогаш ќе сознаете дека има суд!”