поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42

Стар Завет

Нов Завет

Јов 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еден ден пак дојдоа Божјите синови да застанат пред Господа, а меѓу нив пристапи и Сатаната.

2. Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?” - „Еве поминав по земјата и ја обиколив,” одговори тој.

3. Тогаш Господ рече: „Дали го забележа Мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тоа е непорочен и праведен човек: се бои од Бога и се отстранува од злото! Тој е уште постојан во непорочноста, па Ме предизвика испразно да го упропастам.”

4. А Сатаната одговори: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сè што има во животот.

5. Ама испружи ја раката, допри се до неговите коски и до месото; - дали ќе те благослови? Ќе те проколне во лице!”

6. „Нека ти биде! - му рече Господ на Сатаната. - Во твоја рака е; запази му го само животот!”

7. И Сатаната отиде од пред Господовото лице. Тој го удри Јов со лути рани од стапалата до темето.

8. Јов зеде црепка за да се струже со неа и седна во пепел.

9. Тогаш неговата жена му рече: „Зар си уште постојан во непорочноста? Проколни Го Бога и умри!”

10. Јов и одговори: „Брбориш како што брборат безумните жени! Штом примаме добро од Бога, зошто тогаш да не го примиме и злото?” Во сè тоа Јов не згреши со своите усни.

11. Тогаш три Јовови пријатели чуја за сите неволји што го снајдоа; секој се запати од својот крај, Елифаз од Теман, Валдад од Шуах, Софар од Наам, и одлучија да отидат заедно да го пожалат и да го утешат.

12. И кога оддалеку ги насочија очите кон него, не го препознаа. Тогаш почнаа да плачат; секој ја раздра својата облека и фрлија прав на своите глави кон небото.

13. Потоа седнаа покрај него на земјата и останаа така седум дена и седум ноќи. Ниеден не му проговори ни збор, зашто видоа дека е голема неговата болка.