поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42

Стар Завет

Нов Завет

Јов 40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Господ му се обрна на Јова и му рече:

2. Зар кудачот ќе се препира уште со Јакиот? Божјиот тужител нека одговори сам!”

3. А Јов Му одговори на Господа и рече:

4. ”Премногу сум мал: што да одговорам? Со мојата рака ќе ја затворам устата.

5. Реков збор - нема веќе да започнувам; реков два - ама нема да продолжам.”

6. Тогаш Господ му одговори на Јова од бурата и рече:

7. „Препаши го својот крст како јунак, Јас ќе те прашувам, а ти поучи Ме.

8. Зар сакаш да го изгазиш и мојот суд, да Ме обвиниш, за да се оправдаш себеси?

9. Зар твојата мишка ја има Божјата сила? Зар можеш да грмиш со гласот како Него?

10. Наметни се со сјај и величество, облечи се со достоинство и слава.

11. Избувни со гнев на жесток оган, понизи го гордиот со еден поглед.

12. Погледај го горделивецот, скрши го, сотри го наместо, секој злосторник.

13. Закопај ги сите нив, заедно, во земјата, затвори ги во мрачна темница.

14. Тогаш и Јас ќе ти дадам пофалба дека се ослободи со својата десница.

15. А сега, ете, разгледај го нилскиот коњ, се храни со трева како добиток,

16. ете, неговата сила е во бедрата, а јакоста му е во мишката на мевот.

17. Ја здрвува кренатата опашка како кедар, жилите му ги испреплетија сите бедра.

18. Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо.

19. Тој е првенец на Божјото создавање, Творецот го вооружи со меч.

20. Планините му донесуваат данок во храна, и сите ѕверови што играат по нив.

21. Тој почива навален под лотосот, мочуришните трски и калта го кријат.

22. Лотосовите лисја му прават сенка, тој се лади под поточните врби.

23. Ако надојде реката, тој не се плаши: воопшто него не би го загрижило и целиот Јордан да затече во неговата уста.

24. Кој може да го фати за очите и кој може да му го прободе носот со стрела?