поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42

Стар Завет

Нов Завет

Јов 7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Не е ли војување човековиот живот на земјата? Не ги поминува ли дните како наемник?

2. Како што трудовиот роб копнее по сенка, како надничарот што ја чека платата,

3. така ми паднаа мене месеци на јад, и мачни ноќи ми се досудени.

4. Мислам лежејќи, постојано: „Кога ќе станам?” А станувајќи: „Кога ќе ја дочекам вечерта?” И така се измачувам сè додека не се смрачи.

5. Моето тело е облечено во црви и кал, мојата кожа пука и тлее.

6. Моите денови поминаа побрзо од совалката за ткаење, исчезнаа брзо без никаква надеж.

7. Спомни си: мојот живот е само лесно ветре, и моите очи не ќе ја видат веќе среќата!

8. Пријателското око нема да ме гледа веќе; својот поглед го насочи во мене па се сушам.

9. Како што облакот исчезнува и се расплинува, така кој ќе слезе во гробот, веќе не излегува.

10. Никогаш веќе не се враќа во својот дом, неговото место веќе не го познава.

11. Затоа нема да и бранам на својата уста, ќе зборувам сега во стеснувањето на својот дух, јас ќе плачам во горчливоста на душата.

12. Зар сум море или морско чудовиште, па си поставил стража над мене?

13. Велам ли: „Ќе се смирам на креветот, леглото ќе ми ги олесни маките,”

14. со соништа ме плашиш тогаш, ме ужаснуваш со мачни привиди.

15. Каде е среќата па да се задушам! Помила ми е смртта отколку моите коски.

16. Јас гинам и не ќе живеам вечно; остави ме, зашто моите дни се здив!

17. Што е човекот па Ти толку да го цениш, толку да му прирасна на Твоето срце,

18. и да го посетуваш секое утро и да го испитуваш во секој миг?

19. Кога ќе го симнеш Својот поглед од мене, и да ме оставиш да ја голтнам плунката?

20. Ако згрешив, што ти сторив Тебе, о Ти кој внимателно го набљудуваш човекот? Зошто ме зеде за прицел, па станав терет на себеси.

21. Зар не можеш да ми го простиш мојот престап и не можеш да преминеш преку мојата вина? Зашто, малку ќе помине и ќе легнам во прав, утре ќе ме бараш, но нема да ме има.”