поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42

Стар Завет

Нов Завет

Јов 37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Да, и моето срце трепери од тоа и сака да искочи од своето место.

2. Слушнете го, слушнете го, грмежот на Неговиот глас, татнежот што излегува од Неговата уста.

3. Ете, секавица лета преку целото небо - и светнува блесок од крај до крај на земјата. -

4. Зад неа еден силен глас се разнесува: Тој грми со величествен глас. Неговите молњи летаат никој не им пречи, штом се чуе Неговиот глас.

5. Да, Бог грми со величествен глас, создава несфатливи големи дела.

6. Кога ќе му рече на снегот: „Опснежи по земјата!” И на поројните дождови: „Заврнете силно!”

7. На секој човек му ги запечатува рацете, сите да го запознаат Неговото дело.

8. Тогаш сите ѕверови се вовлекуваат во скривалиште и остануваат во своите легла.

9. Бурата се крева од јужната страна, а северните ветрови донесуваат студ.

10. Веќе од Божјиот здив настанува мраз и се здрвува водната површина.

11. И Тој пак ги полни со вода облаците, и облаците почнуваат да светкаат со молњи;

12. кружат насекаде по Неговата волја, што им наложи, тоа ќе извршат, на лицето на целиот земски круг.

13. Ги испраќа - или да ги казни народите, или за земјата или за милост.

14. Послушај го ова, Јове, смири се и разгледај ги чудесните Божји дела.

15. Знаеш ли како Бог ги заповеда нив, како ја пушта молњата од Својот облак? Тоа се чудеса на совршено знаење.

16. Си научил ли како се издигат облаците и

17. како се стоплуваат твоите облеки од жегата, во јужниот ветер, кога земјата се одмара?

18. Зар ти ги распна небесата со Него, цврсти како одлеано огледало?

19. Де, поучи ме што да Му речеме: не се снаоѓаме веќе заради темнината.

20. Зар ќе Му речеш: „Сакам да зборувам?” Или ќе се согласиш на сопствената пропаст?

21. И така, кој може да гледа во светлината на небесата што свети со блесок, кога ветриштата ги растеруваат облаците?

22. Од север светнува како злато: Бог се облече со страшно величество!

23. Да, не можеме да Го достигнеме Сèдржителот, неизмерлив е во Својата сила и во судот, и во совршенството на правдата, Тој не угнетува никого.

24. Затоа сите луѓе нека се бојат од Него! На горделива мудрост Тој и не гледа.”