поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

Откровение 8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото, околу половина час.

2. И ги видов седумте ангели, кои стоеја пред Бога. И им беа дадени седум труби.

3. И дојде друг ангел, со златна кадилница, и застана при жртвеникот; и му беше даден многу темјан, за да го додаде со молитвите на сите свети, врз златниот жртвеник пред престолот.

4. И се издигна пред Бога, од ангеловата рака, темјановиот дим со молитвите на светите.

5. И ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со оган од жртвеникот и ја фрли на земјата; и настанаа громови и гласови и молњи и земјотрес.

6. А седумте ангели, кои имаа седум труби, се подготвија да затрубат.

7. И првиот затруби, и настана град и оган, помешани со крв, и тоа беше фрлено на земјата; и изгоре третина од земјата; и изгоре третина од дрвјата; и изгоре сета зелена трева.

8. И вториот ангел затруби: и како голема гора, пламната со оган, беше фрлена во морето: и третината од морето стана крв,

9. и изумре третина од живите суштества во морето и пропадна една третина од бродовите.

10. И третиот ангел затруби: од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило и падна врз третината од реките и на водните извори.

11. А името на ѕвездата е Пелин. И третината од водите стана пелин и многу луѓе изумреа од водите, бидејќи беа загорчени.

12. И четвртиот ангел затруби: и беше удрена третината од сонцето и третината од месечината и третината од ѕвездите, за да потемнее третиот дел од нив, и третиот дел од денот да не свети, а исто така и од ноќта.

13. И видов и чув еден орел како лета посреде небото, велејќи со силен глас: „Тешко, тешко, тешко им на оние, кои живеат на земјата, заради другите трубни гласови на тројцата ангели, кои ќе затрубат.”