поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

Откровение 17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте чаши, проговори со мене и рече: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која седи на многу води,

2. со која блудствуваа земните цареви, а жителите на земјата се напија од виното на нејзиното блудствување.”

3. И ме одведе, во духот, во пустината: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.

4. А жената беше облечена во пурпурно и во црвено, и украсена со злато и со скапоцени камења и со бисери, држејќи во својата рака златна чаша, полна со гнасотија и нечистота од нејзиното блудство,

5. на челото пак и беше напишано име - тајна: големиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.

6. И ја видов жената како се опива со крвта на светите и со крвта на Исусовите сведоци. И се зачудив многу кога ја видов.

7. И ангелот ми рече: „Зошто се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на женава и на ѕверот, кој ја носи и има седум глави и десет рогови.

8. Ѕверот, што го виде, беше и го нема, и ќе излезе од Бездната за да отиде во пропаст. И ќе се зачудат земните жители чие име не е запишано, од создавањето на светот, во Книгата на Животот, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако тој е.

9. Тука е умот, што има мудрост! Седумте глави - тоа се седумте гори, врз кои седи жената.

10. Тоа се и седум цареви, од кои петмина паднаа, едниот е, а другиот уште не дошол, а кога ќе дојде, треба да остане малку.

11. Ѕверот, пак кој беше и кого го нема, е осми, и е од седумте, па оди во пропаст.

12. И десетте рогови, што ги виде, тоа се десет цареви, кои уште не зацаруваа, но ќе ја примат царската власт со ѕверот за еден час.

13. Овие се истомисленици, па ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот.

14. Овие ќе војуваат против Јагнето, но Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, а со Него се повиканите, избраните и верните.

15. И ми рече: „Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и множествата, народите и јазиците.

16. И десетте рогови, што ги виде, и ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата и ќе ја направат пуста и гола, и ќе и го изедат месото, и ќе ја изгорат со оган,

17. зашто Бог им даде во нивните срца да ја исполнат Неговата замисла, да дејствуваат едномислено и да му го дадат своето царство на Ѕверот, додека не се исполни Божјото слово.

18. А жената, која ја виде, е големиот град, кој царува над земните цареви.”