поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

Откровение 21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе.

2. Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж.

3. И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив,

4. и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.

5. И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”

6. И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот.

7. Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.

8. А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.

9. И дојде еден од седумте ангели, кои имаа седум чаши, полни со последните седум зла, и проговори со мене и рече: „Дојди, да ти ја покажам невестата - жената на Јагнето!”

10. И ме одведе духом на голема и висока гора и ми го покажа светиот град Ерусалим, како слегува од небото од Бога

11. и имаше Божја слава, и нејзината светлина беше слична на многу скапоцен камен, на кристално проѕирниот камен јаспис.

12. Имаше голем и висок ѕид со дванаесет порти, а на портите дванаесет ангели и напишани имиња, а тоа се имињата на дванаесетте племиња на Израелевите синови.

13. Од исток три порти, и од север три порти, и од југ три порти, и од запад три порти.

14. А градскиот ѕид имаше дванаесет основи и на нив дванаесет имиња на дванаесетте апостоли на Јагнето.

15. А оној, кој зборуваше со мене имаше златна трска, за да го измери градот и нејзините врати и нејзиниот ѕид.

16. Градот пак лежи четриаголно, а должината му е колку и широчината. И го измери градот со трската: дванаесет илјади стадии; нејзиниот должина и широчина и височина беа еднакви.

17. И го измери неговиот ѕид: сто четириесет и четири лакти по човечка мерка, која е и ангелска.

18. Нејзиниот ѕид беше изграден од јаспис, а градот од чисто злато, како чисто стакло.

19. Основите на градскиот ѕид беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првата основа е од јаспис, втората - сафир, третата - халкидон, четвртата - смарагд;

20. петтата - сардоникс, шестата - сард, седмата - хрисолит, осмата - вирил, деветтата - топаз, десеттата - хрисопрас, единаесеттата - хијацинт; дванаесеттата - аметист.

21. А дванаесетте порти: дванаесет бисери; секоја врата беше од еден бисер. И градската улица беше од чисто злато како проѕирно стакло.

22. А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог - Сèмоќниот, и Јагнето.

23. И на градот не му е потребно сонцето, ниту месечината, за да му светат, зашто Божјата слава го осветлува, а Јагнето му е светилник.

24. И народите на оние кои се спасени ќе одат во неговата светлина, и земните цареви ќе ја донесат својата слава во него.

25. И нејзините порти нема да се затвораат дење, зашто не ќе има ноќ таму.

26. И славата и честа на народите ќе бидат донесени во него.

27. И во него нема да влезе ништо нечисто, ни оној, кој прави нешто гнасно и лажно, туку само оние, кои се запишани во Јагнетовата книга на животот.