поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

Откровение 6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И видов кога Јагнето отвори еден од седумте печати и чув како едно од живите суштества да вика како со глас на грмотевица: „Дојди!”

2. И видов, и ете, бел коњ, а оној кој седеше на него имаше лак; и му беше дадена круна, и излезе победувајќи и да победи.

3. И кога го отвори вториот печат, чув друго живо суштество како зборува: „Дојди и види!”

4. И излезе друг, црвен коњ, а на оној, кој седеше на него, му беше дадено да го земе мирот од земјата, за да се убиваат луѓето меѓусебно; и му беше даден голем меч.

5. И кога го отвори третиот печат, го чув третото живо суштество како зборува: „Дојди и види!” И видов, и ете, црн коњ, а оној, кој седеше на него, имаше терезија во својата рака.

6. И чув како глас - меѓу четирите живи суштества да зборува: „Една мера пченица за денариј и три мери јачмен за денариј! А на маслото и виното не им нанесувај штета!”

7. И кога го отвори четвртиот печат, го чув гласот на четвртото живо суштество како зборува: „Дојди!”

8. И видов, и ете, сив коњ, а на оној, кој седеше на него името му беше смрт, и Подземјето идеше по него, и ним им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч и со глад и со помор и со дивите ѕверови на земјата.

9. И кога го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите на закланите заради Божјото слово и заради сведоштвото што го имаа.

10. И извикаа со силен глас, велејќи: „До кога, свет и вистински Господару нема да судиш и да ја одмаздиш нашата крв над оние, кои живеат на земјата?”

11. И на секого од нив му беше дадена бела облека и им беше речено да починат уште малку време, додека не биде исполнет бројот на нивните сослужители и браќа, кои ќе бидат убиени како и тие.

12. И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,

13. и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;

14. и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.

15. И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари,

16. велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,

17. зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?”