поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

Откровение 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „И на ангелот на црквата во Сард напиши му:” Ова го зборува Оној, Кој ги има седумте Божји Духови и седумте ѕвезди: ги знам твоите дела, имаш име дека си жив, но си мртов.

2. Разбуди се и зацврсти го другото, што е веќе на умирање; зашто не ги најдов твоите дела исполнети пред Мојот Бог.

3. И така, спомни си, како си примил и чул, и пази и покај се. И така, ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец; и нема да знаеш во кој час ќе дојдам врз тебе.

4. Но имаш малку имиња во Сард, кои не ги онечистија своите облеки, тие ќе одат во бели облеки со Мене, зашто се достојни.

5. Кој победува, ќе се облече така во бели облеки и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, но ќе го признаам неговото име пред Мојот Татко и пред Неговите ангели.

6. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”

7. ”И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора:

8. ги знам твоите дела. Ете, поставив пред тебе отворена врата, што никој не може да ја затвори; зашто ти имаш мала сила и сепак го запази Моето слово, и не се одрече од Моето име.

9. Еве, ти давам некои од сатанината синагога, кои тврдат дека се Јудејци, а не се, туку лажат. Ете, ќе направам да дојдат и да се поклонат пред Твоите нозе, и да познаат, дека Јас те возљубив.

10. Зашто ти го запази Моето слово за трпението, и Јас ќе те запазам од часот на искушението, што ќе дојде врз целиот свет, за да ги искуша оние, кои живеат на земјата.

11. Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.

12. Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.

13. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”

14. ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:

15. ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16. Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.

17. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.

18. Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.

19. Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!

20. Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

21. На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол.

22. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”