4. Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,
5. бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии,
6. и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос.
7. Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
8. Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш,
9. сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,
10. и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:
11. и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и тебе, и мене.
12. Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.