Нов Завет

Ефесјаните 3:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците.

2. Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,

3. односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и пого­ре ви напишав накратко.

4. Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христа,

5. која, на синовите човечки од по­ра­нешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апстоли и пророци преку Светиот Дух,

6. за да бидат и незнабошците сонас­ледници, делови на едно тело, и соучес­ници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,

7. на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.

8. Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово,

9. и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

10. та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на на­чалствата и властите небесни,

11. според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Гос­под,

12. во Кого, преку верата во Него, има­ме слобода да се доближуваме со доверба.

13. Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.

14. Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,

15. од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,

16. да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите пре­ку Неговиот Дух во внатрешниот чо­век,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 3