поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

1 Тимотеј 6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

За потчинетите

1. Оние, кои се наоѓаат под јарем, ро­бовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква по­чест, за да не се хули името Божјо и учењето.

2. Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!

Погрешните учења и вистинската побожност

3. Кој поучува инаку и не оди по здра­вите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за бла­го­чес­носта,

4. тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, ло­шите мисли;

5. залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста слу­жи за трговија. Бегај од такви!

6. А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.

7. Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.

8. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни.

9. А оние што сакаат да се збогатува­ат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.

10. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се пре­да­доа, се отклонија од верата и си нав­ле­коа многу маки.

Правилно исповедање на верата

11. Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста!

12. Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.

13. Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат,

14. да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,

15. кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите,

16. Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!

Совети до богатите

17. Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на жи­виот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие;

18. нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни.

19. И на таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.

Последен поздрав

20. О Тимотеје, пази го она што ти е предадено и бегај од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука,

21. на која некои ѝ се предадоа и се от­клонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин.