поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

1 Тимотеј 2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Молитва за луѓето на власт

1. Молам, пред сѐ, да се прават про­с­би, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:

2. за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен жи­вот во потполна побожност и достоинство.

3. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,

4. Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.

5. Зашто еден е Бог и еден е Пос­ред­ник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,

6. Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;

7. па затоа сум поставен како про­по­ведник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.

За мажите и жените

8. Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.

9. Исто така и жените, облечени пристојно, со срамеливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,

10. туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.

11. Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.

12. На жената не ѝ допуштам да по­учува, ниту да господари над мажот, ту­ку да биде мирна.

13. Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;

14. и Адам не беше измамен, туку же­ната беше измамена и направи престап.

15. Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.