поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

1 Тимотеј 5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Должности кон верниците

1. Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;

2. Постарите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота.

3. Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.

4. Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога.

5. А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.

6. Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива.

7. Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни.

8. Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник.

9. Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет години, и ако имала само еден маж,

10. и има сведоштва за добри дела; от­хра­­нила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пос­традани и на секое добро дело усрдно се посветувала.

11. А помлади вдовици не примај, заш­то кога страстите ќе ги одвратат од Христа, ќе посакаат да се мажат.

12. Тие заслужуваат осуда, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.

13. Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.

14. Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење;

15. зашто некои веќе скршнаа по са­та­ната.

16. Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.

За презвитерите

17. А презвитерите, што добро ја извршуваат својата управителска служ­ба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката.

18. Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата“.

19. Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци.

20. А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв.

21. Те заколнувам пред Бога, пред Гос­под Исус Христос и пред избраните ан­гели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност.

22. Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!

23. Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!

24. Гревовите на некои луѓе се јасни и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.

25. Исто така и добрите дела се јасни; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.