поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

1 Тимотеј 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Сѐ што е создадено од Бога е добро

1. А Духот јасно зборува дека во по­с­ледните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења,

2. преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест;

3. кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од ја­дења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината.

4. Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност,

5. бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.

Добриот служител на Исус Христос

6. Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил.

7. Од нечисти и од бапски приказни бе­гај, а обучувај се во побожност;

8. зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за се­гаш­ниот и за идниот живот.

9. Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени.

10. Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.

Препораки за верните

11. Ова препорачувај го и поучувај!

12. Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота!

13. Додека дојдам, занимавај се со чи­тање на Писмото, со утешување и со поучување!

14. Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по про­рош­тво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството!

15. Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на си­те!

16. Пази на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто, ако постапуваш та­ка, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.