поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

1 Коринтјаните 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Божјите служители

1. Јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, туку како на телесни, како на деца во Христа.

2. Со млеко ве напоив, а не со јадење, зашто уште не можевте да го примите, а и сега уште не можете,

3. бидејќи уште сте телесни. И навис­тина, штом меѓу вас има завист, кавга и неслога, не сте ли телесни и не живеете ли како обични луѓе?

4. Зашто, кога еден вели: „Јас сум Пав­лов“, а друг: „Јас сум Аполосов“, не сте ли тогаш телесни?

5. Што е, впрочем, Павле, а што Апо­лос? Не се ли тие служители преку кои вие поверувавте, и тоа според она колку кому Господ му дал?

6. Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне.

7. Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту, пак, оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне.

8. Кој сади и кој полева се едно; а секој ќе ја добие својата награда според својот труд.

9. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание.

10. Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува.

11. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос.

12. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,

13. сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого.

14. И, ако делото на оној што ѕидал ос­тане, тој ќе прими награда.

15. А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.

16. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?

17. Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.

18. Никој нека не се лаже; ако некој мисли дека е мудар меѓу вас во овој свет, нека стане безумен, за да биде му­дар.

19. Зашто мудроста од овој свет е безумство пред Бога, како што е напи­шано: „Тој ги лови мудрите во нивното лукавство.“

20. И пак: „Господ знае дека размисли­те на мудрите се суетни.“

21. И така, никој нека не се фали со лу­ѓе, бидејќи сѐ е ваше:

22. било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, – сѐ е ваше,

23. вие, пак, сте Христови, а Христос – Божји.