поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

1 Коринтјаните 7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Прашања и одговори за бракот

1. А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена.

2. Но, за да се избегне блудството, се­кој нека си има своја жена, и секоја же­на свој маж.

3. Мажот да ја извршува својата дол­жност спрема жената, а исто така и же­ната – спрема мажот.

4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.

5. Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.

6. Ова, пак, ви го велам како допуш­та­ње, а не како заповед.

7. Зашто сакам, сите луѓе да бидат ка­ко мене; но секој си има своја дарба од Бога – еден на ваков начин, друг на по­инаков.

8. А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене.

9. Но, ако не можат да се воздржат, не­ка се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.

10. А на женетите и мажените им запо­ведам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –

11. ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.

12. А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;

13. и ако некоја жена има маж, без­вер­ник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.

14. Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена без­верничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.

15. Ако некој безверник сака да се раз­веде, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.

16. Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти?

Живеј онака, како што Бог те повикал

17. Само секој нека постапува така ка­ко што му определил Бог, како го по­ви­кал Господ. Така заповедам по сите цркви.

18. Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, не­ка не се обрезува.

19. Обрезанието е ништо, и необреза­нието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.

20. Секој да си остане во звањето во кое е повикан.

21. Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.

22. Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; ис­то така и кој е повикан како ослободе­ник станува роб Христов.

23. Вие сте скапо платени! Не станувај­те робови на луѓе!

24. Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.

Прашања кои се однесуваат за небрачни лица и вдовици

25. А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господа, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господа да биде верен.

26. Поради сегашната потреба го на­оѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.

27. Сврзан ли си со жена, не барај раз­вод; разврзан ли си од жена, не барај жена.

28. Но, ако се ожениш, нема да згре­шиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.

29. Ова ви го велам, браќа, зашто вре­мето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;

30. и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо,

31. и кои се ползуваат од овој свет – ка­ко да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив.

32. Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Гос­по­дови работи, – како да Му угоди на Господа;

33. а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената.

34. Тука е разликата меѓу жената и де­војката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за светов­ни работи – како да му угоди на мажот свој.

35. Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку при­мерно и непречено да бидете приврзани на Господ.

36. Ако некој мисли дека е срамно де­вицата негова да му остане таква во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.

37. А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави.

38. Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави.

39. Жената е врзана додека е жив ма­жот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого са­ка, но само во името на Господ.

40. Само, поблажена е ако си остане та­ка, според моето мислење; а мислам де­ка и јас имам Дух Божји.