поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

1 Коринтјаните 16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Милостиви дарови за помош на браќата во Ерусалим

1. А што се однесува до собира­ње­то милостина за светиите, пра­вете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;

2. во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.

3. А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Еруса­лим.

4. Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.

Плановите на Павле

5. Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.

6. А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.

7. Зашто не сакам сега веќе да ве ви­дам само патем; а се надевам, ако до­пушти Господ, меѓу вас да поминам некое време.

8. А во Ефес ќе останам до Пе­де­сет­ни­ца,

9. зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.

10. Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.

11. Никој да не го презира, туку испра­тете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.

12. А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше се­га да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде по­годно.

Последни препораки и поздрави

13. Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки;

14. Секое ваше дело нека биде во љу­бов.

15. Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите.

16. Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди!

17. Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија ва­шето отсуство,

18. зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!

19. Ве поздравуваат црквите од Азија; многу ве поздравуваат Акила и Прис­кила со својата домашна црква.

20. Ве поздравуваат сите браќа. Поз­дравете се еден со друг со свет целив!

21. Ве поздравувам јас, Павле, своерач­но.

22. А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран – ата.

23. Благодатта на Господ Исус нека биде со вас,

24. и љубовта моја со сите вас во Хрис­тос Исус.