поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

1 Коринтјаните 5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Разврат во црквата

1. Од секаде се слуша дека кај вас има блудство и тоа какво што нема дури ни кај незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.

2. А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној што го направил тоа дело.

3. Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.

4. Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,

5. да го предадете на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Гос­под Исус.

6. Вашето фалење не е добро. Не зна­ете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?

7. Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас.

8. Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.

9. Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,

10. но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од овој свет.

11. Но сега ви пишувам да не се дру­жи­те со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.

12. Затоа, дали треба јас да ги судам надворешните? Нели ги судите вие внатрешните?

13. Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот меѓу вас.