поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

1 Коринтјаните 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Павле и Коринтјаните

1. И така, секој човек нека нѐ смета нас за служители Христови и управници на Божјите таинства,

2. а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен.

3. За мене ништо не значи да бидам су­ден од вас, или од судот на другите лу­ѓе; јас и самиот не се судам себе,

4. зашто во ништо не се чувствувам ви­новен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ.

5. Затоа, пак, не судете ништо пред­вре­ме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе прими пофалба од Бога.

6. Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого.

7. Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил?

8. Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!

9. Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето.

10. Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа; ние сме не­моќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни.

11. До овој час ние и гладуваме, и жеднееме, и необлечени одиме, нѐ бијат и скитаме по светов,

12. се трудиме, работејќи со свои раце. Кога нѐ проколнуваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – трпиме;

13. кога хулат на нас, ние утешуваме. Станавме како ѓубриште на овој свет, како исфрлен смет од сите луѓе до сега.

Павловата татковска грижа

14. Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве вразумам како мои возљубени чеда.

15. Зашто, ако имате и десетина илјади учители во Христос Исус, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието.

16. Затоа, ве молам, бидете мои под­ра­жаватели, како што сум јас на Христа!

17. Браќа, затоа го пратив кај вас Ти­мотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ви ги напомни па­тиш­тата мои во Христос, како што учам на­секаде и во секоја црква.

18. Некои се возгордееја, како да не ќе дојдам кај вас;

19. но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не збо­ро­вите, туку силата на оние што се возгордеале,

20. зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила.

21. Што сакате? Со стап ли да дојдам кај вас, или со љубов и кроток дух?