поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

1 Коринтјаните 13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

За љубовта

1. Да зборувам на сите човечки ја­зици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

2. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да пре­мес­тувам, – ако љубов немам, ништо не сум.

3. И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.

4. Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,

5. не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,

6. не се радува на неправда, туку се ра­дува на вистина,

7. сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.

8. Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.

9. Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме;

10. а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.

11. Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.

12. Сега гледаме како низ огледало, не­јасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам со­вршено како што и сум спознаен.

13. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.