поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8

Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. О, да си ми брат, да ги цицаше градите на мојата мајка! Тогаш, сретнувајќи те на улица, ќе те пољубев и никој немаше да ме осуди за тоа.

2. Би те повела и би те вовела во домот на мајка ми; ти би ме учел, а јас би те поела со најдобро вино и со сок од калинки.

3. Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.

4. Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, не будете ја и не тревожете ја мојата возљубена, додека самата не посака!

5. Која е таа што доаѓа од пустината, потпрена врз својот возљубен? Те разбудив под јаболкницата, каде те роди мајка ти, каде твојата родителка те донесе на свет.

6. Стави ме како знак на срце, како печат на твојата рака; зашто љубовта е силна како смртта, а љубомората е цврста како гроб. Нејзиниот жар е жар на огнот, нејзините пламења, Господови пламења.

7. Големи води не можат да ја угаснат љубовта, ниту реките да ја потопат. Да го дава некој за љубовта сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир врз себе.

8. Имаме мала сестра, која уште нема гради; што ќе правиме со нашата сестра, кога ќе стане збор за неа?

9. Ако биде како ѕид, ќе изградиме врз него сребрен дворец; ако биде како врата, ќе ја обложиме со кедрови даски.

10. Јас сум ѕид и моите гради се стражарници, затоа јас ќе бидам во неговите очи, како онаа што достигнала до полнота.

11. Соломон има лозје во Вал Амон; им го даде на чуварите и секој треба да донесе за неговите плодови илјада сребреници.

12. Моето лозје е пред мене: а Соломоне, за тебе илјада, а двеста на оние што ги чуваат плодовите.

13. О ти, која живееш во градините, другарите го слушаат твојот глас, дај и јас да го чујам.

14. Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!