поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8

Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 1 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Соломоновата Песна над песните

2. Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.

3. Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.

4. Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!

5. Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси.

6. Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував.

7. Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари!

8. Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори.

9. Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.

10. Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;

11. ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.

12. Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.

13. Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради.

14. Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја.

15. О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица.

16. О, ти си прекрасен, мој возљубен, и љубезен! Зеленилото е наша постела.

17. Кедрите се греди на нашите куќи, а кипарисите покрив.