поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8

Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Колку се убави твоите нозе во обувките, кнежевска ќерко! Заобленоста на твоите бедра се како огрлици, дело на рацете на искусен уметник.

2. Папокот ти е тркалезна чаша, што никогаш не е без пијалак; мевот ти е како стог пченица, заграден со лилјани.

3. Твоите две гради се како две срничиња- близначиња на срната.

4. Твојот врат е како столб од слонова коска. Твоите очи се како езерчињата во Есевон, кај Ватравимската Врата. Носот ти е како ливанска стражарница, што гледа кон Дамаск.

5. Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки.

6. Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините!

7. Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови.

8. Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка.

9. Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.

10. Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.

11. Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата.

12. Наутро ќе одиме во лозјата, за да видиме дали распупува лозата, дали се зафаќа грозјето, дали расцветаа калинките? Таму ќе му ја дадам мојата љубов.

13. Калинките шират мирис, во нашите куќи има секакви овошки: нови и стари, за тебе ги чував, о највозљубен мој!