Стар Завет

Нов Завет

Наум 3:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ете, твојот народ среде тебе се како жени, портите на твојата земја ќе бидат ширум отворени пред непријателите твои, огнот ги изгоре твоите резиња.

14. Нацрпи си вода за опсадата, зацврсти ги своите утврди, влези во калта, гази ја глината, земи калап за плитар.

15. Таму оган ќе те проголта и мечот ќе те истреби; ќе те изеде како скакулците. Множи се како бубачки, множи се како скакулци.

16. Ги умножи твоите трговци, повеќе од ѕвездите на небесата. Но младите скакулци се свлекуваат и одлетнуват.

17. Твоите кнезови се како скакулци, а военачалниците како рој скакулци, што седат по ѕидовите кога е студено, но кога сонцето ќе огрее, одлетнуваат и нивното место не се познава каде биле.

18. Твоите пастири спијат о, царе асирски; твоите моќници лежат, твојот народ се распрсна по горите, никој веќе не може да го собере.

Прочитајте целосна глава Наум 3