поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 62 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За љубов на Сион не ќе молчам, заради Ерусалим не ќе мирувам, додека неговата правда не засвети како светлина, додека неговото спасение не пламне како светилник.

2. И народите ќе ја видат твојата праведност, и твојата слава - сите цареви; ќе те наречат со ново име, што ќе го одреди Господовата уста.

3. Ќе бидеш прекрасен венец во Господовата рака, и царски венец на дланката на својот Бог.

4. Не ќе те наречуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја -Венчана, зашто ти си Господова милозливост, и твојата земја ќе има сопруг.

5. Како што младецот се жени со девица, така синовите ќе се оженат за тебе, и како што младоженецот и се радува на невестата, твојот Бог ќе ти се радува тебе.

6. Ерусалиме, на твоите ѕидови поставив стражари: ни дење ни ноќе не смеат да замолчат. О вие кои Го споменувате Господа, нема почивка за вас!

7. И не му давајте мир додека не го обнови Ерусалим, додека пак не го направи славен на земјата.

8. Господ се заколна во десницата и во својата силна мишка: „Нема веќе да го дадам твоето жито за храна на непријателите. Нема веќе туѓинците да го пијат твоето вино за кое се трудеше.

9. Нека го јадат оние што го жниеја, и нека Го фалат Господа, нека го пијат, оние што го береа, во дворот на Моето Светилиште!”

10. Поминете, поминете низ вратата, израмнете му го патот на народот. Насипете го, насипете го патот, отстранете ги камењата од него, подигнете им знаме на народите!

11. Еве, Господ прогласува: до крајот на земјата: „Речете и на Сионската Ќерка: ‘Еве, твојот Спасител доаѓа. Еве, со Него Неговата плата, и Неговата награда пред Него!’”

12. Тие ќе се наречуваат „Свет народ”, „Господови искупеници.” А тебе ќе те викаат: „Бараниот” - „Неоставениот Град.”