поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Тешко им на оние што издаваат неправедни закони, кои пишуваат жестоки решенија;

2. кои им ја скратуваат правдата на бедните и и го одземаат правото на сиромаштијата на Мојот народ, за да ги ограбат вдовиците, за да ги опљачкаат сиромашните!

3. Што ќе правите во денот на казната кога пропаста ќе дојде оддалеку? Кому ќе му прибегнете за помош, каде ќе го оставите своето богатство,

4. за да не се наведнете меѓу робовите, за да не паднете меѓу убиените?” Покрај сè тоа, Неговиот гнев нема да се смири, Неговата рака ќе остане испружена.

5. „Горко ти Асирецу, бичу на Мојот гнев, прачко со која замавнува Мојот гнев!

6. Го испратив против неверен народ, на народ што ме разјари, за да го ограби и опљачка, за да го изгази како кал на улица.

7. Но тој не мислеше така, и не судеше така во срцето, туку во срцето создаде завера за истребување на многу народи.

8. Зборуваше: ‘Не се ли сите кнезови мои цареви?

9. Не е ли Халан како Хархемес? Не е ли Емад како Арпад? Самарија како Дамаск?

10. Како што Мојата рака го достигна царството на лажните богови, побогати со кипови од Ерусалим и Самарија,

11. како што направив со Самарија и со нејзините лажни богови, нема ли да направам и со Ерусалим и со неговите ликови?’”

12. И кога Господ ќе го доврши сето Свое дело на гората Сион и во Ерусалим, ќе го казни плодот на горделивото срце на асирскиот цар и дрскоста на неговите горделиви очи.

13. Зашто рече: „Направив со својата рака и со својата мудрост, зашто сум умен; ги отстранив границите меѓу народите и ги ограбив нивните богатства, како јунак ги симнав оние што седат на престолите.

14. Мојата рака ги зграби како гнезда богатствата на народите. Како што се собираат оставените јајца, ја собрав целата земја, и немаше никој да затрепери со крилјата да отвори клун, да цивка.”

15. Зар се фали секирата покрај оној што сече со неа? Ќе се гордее ли пилата покрај оној што со неа реже? Како жезолот да мавта со оној кој го крева, или прачката ја крева оној што не е дрво.

16. Господ над Воинствата ќе им испрати крај на неговите згојувања, ќе му ја потпали славата со оган, како распламсан пожар.

17. Израелевата светлина ќе биде како оган, Неговиот Светец како пламен што ќе го запали и ќе ги изгори неговите глогинки и неговото трње во еден ден.

18. И красотата на неговите гори и овоштарници ќе ја уништи од срцевината до кората, таа ќе биде како болен што згаснува;

19. ќе биде лесно да биде избројан, остатокот на горските стебла дете ќе ги запише лесно.

20. Во оној ден: Израелевиот остаток и преживеаните од Јакововата куќа, не ќе се потпираат веќе на оној кој ги бие, туку ќе се потпираат искрено на Господа, на Израелевиот Светец.

21. Остатокот ќе се врати, Јакововиот остаток при силниот Бог.

22. Навистина Израеле, твојот народ и да биде колку песок во морето, само неговиот Остаток ќе се врати, одредено е уништување, правдата се прелеа,

23. Господ, Господ над Воинствата, ќе ја уништи сета земја, како што ќе одреди.

24. Затоа Господ над Воинствата зборува вака: „О Мој народе што престојуваш на Сион, не бој се од Асирецот кога бие со бич, кога крева стап на тебе, како и Египет.

25. Зашто уште малку, многу малку, и ќе прекрати Мојот гнев, Мојата јарост ќе ги уништи.”

26. Господ над Војските ќе замавне со бич над нив како кога го удри Мадијам при стената Орив и ќе крене стап над морето како на Египетскиот Пат.

27. Во оној ден: ќе ти падне бремето од плеќи, и ќе го снема неговиот јарем од твојот врат.

28. Тој иде од Римон, доаѓа на Ајат, преминува преку Мигрон, го симнува бремето во Михмас.

29. Поминуваат низ клисури, ноќевалиштето им е во Гавај; Рама трепери, Сауловата Гаваја бега.

30. Викај гласно, ќерко Бат Галимова! Направи го да се чуе Лаис, беден Анатоте!

31. Мадмина побегна, гевимските жители избегаа.

32. Уште денес ќе застанам во Нов, сионските ќерки и се закануваат со рака на гората, на Ерусалимскиот Рид.

33. Ете, Господ, Господ над Војските, ги искаструва со страшна сила гранките, пресечени се највисоките врвови, најиздигнатите се снижени.

34. Од секирата паѓаат густите горски месности, Ливан паѓа со својата слава.