поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Праќајте му јагниња на владетелот на земјата, од Стената кон пустината до гората на Сионската Ќерка.

2. Како разбегани птици, како растурено гнездо, ќе биде моавската ќерка при Арнонските Бродови.

3. Дај ни совет, донеси одлука! Среде пладне распрости ја својата сенка како ноќ. Засолни ги протераните, не предавај ги бегалците.

4. Остави ги протераните да престојуваат при Тебе, Моаве, биди им закрила пред разурнувачот. Кога ќе докрајчи измачувачот, кога ќе го снема опустувачот, кога ќе исчезне угнетувачот од земјата,

5. ќе се утврди престолот со милост и на него ќе седи верно, во Давидовиот шатор, судија кој ја бара правината и ја врши правдата.

6. Чувме за Моавовата гордост, за прекумерна гордост, за гордоста, за надуеноста и за самонатценувањето, суетно е неговото фалење.

7. Затоа ридаа Моавците за Моав сите тажат заедно, за низи од суво грозје од Кир-Аресет тажат горчливо поразени.

8. Зашто овенаа есевонските ниви, сивамските лозја, и лисјата им ги исчукаа господарите на народите. Достигаа до Јазир, навлегуваа во пустината; неговите гранчиња се ширеа сè до морето.

9. Затоа плачам за сивамското лозје како што плаче Јазир, јас те залевам со солзи, Есевон и Елеал! Зашто во времето на твојот гроздобер и на твојата жетва, нема веќе шумна радост,

10. ги снема од плодоносното поле веселбата и радоста. Во лозјата не се пее весело, не се воскликнува од радост; не се гнече грозјето во садовите молкна подвикувањето.

11. Затоа мојата утроба за Моав трепери како харфа, а моите гради за Кир-Ерес.

12. Напразно се покажува Моав, се изморува на високите места, доаѓајќи во светилиштето за да се моли: ништо не ќе постигне.

13. Ова е словото што некогаш Господ го рече против Моав.

14. А сега Господ зборува вака: „За три години, наемнички години, Моавовата слава, со сето негово големо мноштво, ќе потемни, а што ќе остане од неа, ќе биде малечко, слабо и немоќно.”