поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 54 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Воскликнувај неротко, која не си раѓала; подвикнувај од радост, ти што не знаеш за породилните болки! Зашто осамената има повеќе деца отколку омажената,” вели Господ.

2. „Рашири го просторот на својот шатор распростри го, не штеди го платното на своето живеалиште, продолжи му ги јажињата, зацврсти ги колчињата,

3. зашто ќе се прошириш десно и лево. Твоето потомство ќе завладее над народите, и ќе ги насели запустените градови.

4. Не бој се, нема да се посрамиш, не срами се, не ќе црвенееш. Ќе го заборавиш срамот на својата младост и веќе нема да си спомнуваш за подбивот на своето вдовство.

5. Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата, твој Искупител е Израелевиот Светец, Тој се вика Бог на целата земја.

6. Да, како оставена жена, натажена во душата, Господ те повика. Не смее да се отпушти жената на својата младост,” говори твојот Бог.

7. „Те оставив тебе за краток миг, но пак ќе те прегрнам со голема милост.

8. При изблик на гнев, за миг го скрив Своето лице од тебе, но ти се смилував со вечна љубов, зборува Господ твојот Искупител.

9. Ќе ми биде како за време на Ноевите денови, кога се заколнав дека Ноевите води нема да ја преплават веќе земјата; така се заколнувам дека веќе нема да се срдам на тебе ниту ќе ти се заканувам.

10. Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот,” вели Господ Кој ти се смилува.

11. „О неволнице, виорена од виор, неутешлива, ете, ќе ги поставам врз смарагд твоите камења и врз сапфир твоите основи.

12. Ќе ги направам од рубин твоите стражарници, твојата врата од проѕирен бесценет камен, твоите огради од скапоцен камен.

13. Сите Господови синови ќе ти бидат ученици, и голема ќе биде среќата на твоите деца.

14. Ќе бидеш основана на правда. Отфрли ја тешкотијата, нема од што да се боиш, отфрли го стравот, зашто нема да ти се доближи.

15. Ако те нападне, нема да дојде од Мене; кој ќе се дигне против тебе, заради тебе ќе падне.

16. Ете, Јас го создадов ковачот кој ја разгорува жарта и вади од неа орудие за да го кове. Но го создадов и уништувачот за да уништува.

17. Не ќе успее оружјето исковано против тебе. Ќе докажеш дека е зол секој јазик што ќе се подигне против тебе на суд. Тоа е наследство на Господовите слуги, тоа им е победа од Мене” - слово е Господово.