поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во онаа година кога умре царот Озиј, Го видов Господа како седи на висок и возвишен престол. Скутовите на Неговата плаштеница го исполнуваа Храмот.

2. Над Него стоеја серафимите; секој имаше по шест крила: две крила за да го засолне лицето, две крила за нозете, а со две крила леташе.

3. И си велеа еден на друг: „Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава!”

4. Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.

5. Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!”

6. Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот;

7. се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.”

8. Тогаш го чув Господовиот глас: „Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?” Јас реков: „Еве ме, испрати ме мене!”

9. Тој одговори: „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’

10. „Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.”

11. Јас реков: „До кога, о Господи?” Тој ми одговори: „Додека не запустат градовите и не останат без жители, додека куќите не бидат без никој жив, и додека земјата не стане пустина,

12. додека Господ не ги протера луѓето далеку. Тешко истребување ќе ја погоди земјата,

13. и ако остане во неа уште една десетина, и таа ќе биде сотрена како даб кога ќе го пресечат до пенушката. Нивната пенушка ќе биде свето семе.”