поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Долината на Видението. Што ти е да се искачуваш цел на покривите,

2. граде полн со врева, бучен граде, разигран граде? Твоите истепани не паднаа од меч, ниту твоите мртви паднаа во бој;

3. сите твои главатари побегнаа заедно, паднаа во ропство не оптегнувајќи лак. Заробени се сите твои кнезови, напразно избегаа далеку.

4. Затоа велам: „Оставете ме, ќе заплачам горко; не ме утешувајте заради уништувањето на Ќерката на Мојот народ.”

5. Зашто ова е ден на метеж и на угнетување од Господа, од Господа над Војските. Во Долината на Видението се руши ѕид, извик за помош се крева во планините.

6. Елам го зема тулот, Арам јава коњ, а Кир го открива штитот.

7. Твоите красни долини полни се со бојни коли, коњаниците се наредија пред вратата.

8. Така паѓа Јудината заштита. Во оној ден го сврте погледот на оружјето во Горската Куќа.

9. Видовте дека во Давидовиот Град има многу пукнатини. Ги собравте водите од Долниот Рибник.

10. Ги преброивте ерусалимските куќи, ги разурнавте куќите за да го зацврстите ѕидот.

11. Меѓу двата ѕида направивте собиралиште за водата од Стариот Рибник. Но не погледнавте кон Творецот, ниту го видовте Оној Кој одамна смислил сè.

12. Господ, Господ над Воинствата, ве повикуваше во оној ден да плачете и да жалите, да ги избричите главите и да ги препашете вреќиштата.

13. А ете: радост и веселба, ги убиваат говедата и ги колат овците; јадат месо и пијат вино: „Да јадеме и пиеме, зашто утре ќе умреме.”

14. Но Господ над Силите ми јави: „Додека не умрете, тој грев нема да ви биде простен,” рече Господ, Господ над Восјките.

15. Вака зборува Господ, Господ над Воинствата: „Тргни, оди кај оној дворјанец, кај Шевна, домоуправник на дворецот,

16. кој си делка гроб на високото место и си засечува живеалиште во стената: ‘Со што располагаш тука и кого го имаш тука, за да делкаш гробница за себе?

17. Ете, Господ ќе те фрли далеку со еден единствен удар, ќе те фати силно,

18. ќе те смота во клопче, ќе те фрли како топка во широка земја! Ти ќе умреш таму, со колата што ти беше слава, ти, сраму на дворецот на својот господар!

19. Ќе те лишам од твојата служба, ќе те истерам од твоето место.

20. Ќе го повикам својот слуга Елијаким, Хелкиевиот син.

21. Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас, ќе му ја предадам твојата власт во рацете, па ќе им биде татко на ерусалимските жители и на Јудината куќа.

22. Ќе му го ставам на плеќи клучот на Давидовиот Дом: Кога ќе отвори, никој не ќе затвори, кога ќе затвори, никој не ќе отвори.

23. Ќе го забијам како клин во цврсто место; и ќе стане престол на слава на татковиот си дом.

24. На него ќе биде закачувана сета слава на неговиот татковски дом, подниците и потомството, сите мали садови, од чаши до грнци.

25. Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе го истргам клинот закачен во цврсто место, ќе се скрши и ќе падне. И сиот товар што висеше на него ќе се скрши, зашто Господ зборуваше.’”