поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50

Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По тие настани Бог го стави на проверка Авраама. Го повика: „Аврааме!” Тој одговори: „Еве ме!”

2. Бог продолжи: „Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.”

3. Утрото Авраам стана рано, му стави самар на ослето и ги поведе со себе, двајцата свои слуги и сина си Исака, откако пред тоа нацепи дрва за жртва паленица, и се запати кон местото што Бог му го означи.

4. На третиот ден Авраам ги подигна очите и го виде местото оддалеку.

5. Тогаш Авраам им рече на слугите: „Вие останете тука покрај ослето, а јас и детето ќе одиме горе да се поклониме, па ќе се вратиме при вас.”

6. Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица, ги натовари на сина си Исака, а во својата рака зеде оган за потпалување и нож. Така тргнаа двајцата заедно.

7. Тогаш Исак му рече на татка си Авраама: „Татко!” „Еве ме, сине!” се јави тој. „Еве огнот и дрвата - пак рече синот - но каде е јагнето за жртвата паленица?”

8. „Бог Самиот ќе си предвиди за јагнето за жртвата паленица, сине мој!” одговори Авраам. И го продолжија патот.

9. Стигнаа до местото за кое зборуваше Бог. Тогаш Авраам подигна жртвеник, ги нареди дрвата, го врза својот син Исака и го положи над цепениците на жртвеникот.

10. Сега Авраам ја испружи раката и го зеде ножот, за да го заколе сина си.

11. Но Господов ангел од небото го повика и рече: „Аврааме! Аврааме!” „Еве ме!” одговори тој.

12. „Не ја спуштај раката врз детето - рече - ниту му прави нешто! Еве, сега знам дека се боиш од Бога, зашто не го задржа од Мене ни својот син, својот единец.”

13. Ги подигна Авраам очите и виде, и ете, зад него овен сплеткан со роговите во грмушка. Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе во жртва сèпаленица место сина си.

14. Авраам му даде име на тоа место Јахве-Ире (Господ Промислува). Затоа се вели денес: „На Гората На Господовото Промислување.”

15. Господовиот ангел го повика Авраама, од небото, по вторпат

16. и рече: „Се заколнувам Сам со Себеси, Господ вели: бидејќи го направи тоа и не го задржа од Мене својот син единец,

17. ќе го излеам Својот благослов на тебе и ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег! А твоите потомци ќе ги освојуваат вратите на своите непријатели.

18. Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.”

19. Потоа Авраам се врати при своите слуги и заедно се запатија кон Вирсавеа. Авраам се насели во Вирсавеа.

20. По тие настани му соопштија на Авраама: „И на твојот брат Нахор - Мелха му народи деца:

21. неговиот првороденец Уз, брата му Уза; и Камуела - Арамовиот татко,

22. Кеседа, Азава, Филдеса, Едлафа и Ватуела.

23. Ватуел беше Ревекин татко. Тие осуммина му ги роди Мелха на Нахора, Авраамовиот брат.

24. А и неговата соложница, чие име беше Ревма, ги роди: Тавека, Гама, Тахаса и Мааха.