поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50

Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Аврамовата жена Сара не му роди деца. А имаше слугинка Египетка, по име Агара.

2. И Сара му рече на Аврама: „Гледаш, Господ ме направи неплодна. Влези кај мојата слугинка, можеби ќе добијам деца.” Аврам ги послуша Сарините зборови.

3. И така, откако Аврам престојуваше десет години во Ханаанската Земја, неговата жена Сара ја зеде Агара, Египетката, нејзина слугинка, и му ја даде на својот маж Аврам за сопруга.

4. Тој влезе кај Агара и таа зачна. А кога виде дека зачна, гледаше со презирање врз својата господарка.

5. Тогаш Сара му рече на Аврама: „Неправдата што ми се нанесува е твоја вина! Ти ја дадов мојата слугинка во твоите прегратки, но таа откако забележа дека зачна, ме гледа со презир. Господ нека биде судија меѓу нас!”

6. Тогаш Аврам и одговори на Сара: „Ете, твојата слугинка е во твоја рака: постапи со неа како што сакаш.” Сара се однесуваше со неа толку лошо што таа избега од неа.

7. Господов ангел ја најде во пустината, при изворот - на патот кон Сур -

8. и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?” А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.”

9. А Господовиот ангел и рече: „Врати се кај господарката твоја и покори и се под нејзините раце!

10. Ангелот Господен уште и рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.”

11. Натаму Господовиот ангел и рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака.

12. Тој ќе биде како диво осле: неговата рака ќе се крева на секого, и сечија рака на него; и тој ќе живее, во близина на сите свои браќа.”

13. Таа Го нарече Господа, Кој и зборуваше: „Ти Си Сè видечки Бог (Ел Рои), зашто - таа рече - „Го видов Бога и после видувањето останав жива!”

14. Затоа изворот се вика Вир-Лахај-Рои - Кладенец на Животворниот Сè видечки Бог; а ене го меѓу Кадис и Варад.

15. Агара му роди син на Аврама, а Аврам му даде име Исмаил, на синот што му го роди Агара.

16. Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаила.