поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50

Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Целата земја имаше еден јазик и исти зборови.

2. Ама кога луѓето се преселија од исток, најдоа рамница во Сенарската Земја, и се населија таму.

3. И си рекоа еден на друг: „Ајде, да направиме плитари и да ги испечеме во оган!” Плитарите им беа место камен, а смолата место кал.

4. Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула, со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!”

5. Господ слезе да ги види градот и кулата, што луѓето ги градеа.

6. И Господ рече: „Ете, еден народ се, со еден јазик за сите! Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат.

7. Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.”

8. Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот.

9. Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.

10. Овие се Симови потомци: кога Сим имаше сто години - на две години по потопот - му се роди Арфаксад.

11. По Арфаксадовото раѓање, Сим живееше пет стотини години и му се раѓаа уште синови и ќерки.

12. Кога Арфаксад наполни триесет и пет години, му се роди Сала;

13. а по Салиното раѓање Арфаксад живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.

14. Кога Сала имаше триесет години, му се роди Евер;

15. а по Еверовото раѓање Сала живееше четири стотини и три години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.

16. Кога Евер имаше триесет и четири години, му се роди Фалек.

17. По Фалековото раѓање, Евер поживеа четири стотини и триесет години, и му се родија уште синови и ќерки.

18. Кога Фалек наполни триесет години, му се роди Рагав.

19. По Рагавовото раѓање, Фалек живееше двеста и девет години, и му се родија уште синови и ќерки.

20. Кога на Рагав му беа триесет и две години, му се роди Серух.

21. По Серуховото раѓање, Рагав поживеа двеста и седум години, и му се народија уште синови и ќерки.

22. Кога Серух имаше триесет години, му се роди Нахор.

23. По Нахоровото раѓање, Серух живееше двеста години и му се родија уште синови и ќерки.

24. Кога Нахор имаше дваесет и девет години, му се роди Тара.

25. По Тариното раѓање, Нахор живееше сто и деветнаесет години, и му се природија уште синови и ќерки.

26. Кога на Тара му беа седумдесет години, му се родија Аврам, Нахор и Аран.

27. Ова е Тарино потомство: На Тара му се родија: Аврам, Нахор и Аран; а на Аран му се роди Лот.

28. Аран почина пред татка си, во својата родна земја, во Халдејски Ур.

29. Аврам и Нахор се оженија. Името на Аврамовата жена беше Сара, а на Нахоровата - Мелха, ќерка на Арам, татко на Мелха и Есха.

30. Сара беше неротка, немаше пород.

31. Тара ги поведе: својот син Аврам, својот внук Лот, Арановиот син, и својата снаа Сара, сопругата на сина си Аврама, и се запати, со нив, од Халдејскиот Ур кон Ханаанската Земја. Кога стигнаа до Харан, се населија таму.

32. А Тариниот век стигна до двеста и пет години; а тогаш Тара почина во Харан.