поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50

Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.

2. Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.

3. А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.

4. А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.

5. Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.

6. Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.

7. А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.

8. Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.

9. Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”

10. Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.

11. Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах

12. и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.

13. Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците,

14. Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците.

15. Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.

16. Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,

17. Евејците, Арукејците, Асенејците,

18. Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,

19. така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.

20. Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.

21. А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.

22. Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.

23. А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш.

24. И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.

25. А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан.

26. Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах,

27. Адорам, Узал, Дикла,

28. Овал, Авимаил, Шева,

29. Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови.

30. Нивните населби се тегнеа од Меша сè до Сефар, планинско подрачје на исток.

31. Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи.

32. Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.