поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50

Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јосиф не можеше веќе да се совладува пред оние, кои го опкружуваа, па извика: „Нека отстапат сите!” Така не остана никој со Јосифа, кога им се откри на браќата.

2. Заплака гласно одеднаш, да можеа и Египетците да го чујат. Се научи за тоа и во фараоновиот дворец.

3. „Јас сум Јосиф - им рече Јосиф на браќа си. - Дали е татко ми уште жив?” Но браќата не можеа да му одговорат, толку се смутија пред него.

4. Јосиф им рече пак на браќата: „Приближете се кон мене!” Кога се приближија, продолжи: „Јас сум Јосиф, вашиот брат; кого го продадовте во Египет.

5. Но сега не се возбудувајте и не жалете за тоа дека ме продадовте ваму; зашто Бог е Оној, Кој ме испрати пред вас, за запазување на вашиот живот.

6. Веќе две години се откако дојде гладот на земјата, а уште пет години нема да има ни орање ни жетва во земјата.

7. Затоа Бог ме испрати пред вас, за да ви биде запазен остатокот на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување.

8. Така, вие не ме испративте ваму, туку Бог; Тој ме постави фараонов татко, господар над сиот негов дом и владетел над целата Египетска Земја.

9. Побрзајте кон мојот татко и речете му: ‘Твојот син Јосиф ти го порачува ова: „Бог ме постави за господар на целиот Египет; слези при мене без двоумење.

10. Ќе се настаниш во крајот Гесен. Така ќе бидеш близу до мене: ти, твоите деца, твоите внуци, твоите овци и говеда и сè што е твое.

11. Таму ќе се грижам за тебе, зашто гладот ќе потрае уште пет години. Така не ќе скуднееш ни ти, ни твоето семејство, ниту кој и да е твој.”‘

12. Па со своите очи можете да видите, како што гледа и брат ми Венијамин, дека мојата уста ви го зборува тоа.

13. Раскажете му на таткото за мојот висок положај во Египет и за сè што видовте; и доведете ми го таткото бргу ваму!”

14. И го прегрна братот Венијамин и заплака; а плачеше и Венијамин, прегрнувајќи го околу вратот.

15. Потоа ги изљуби сите свои браќа, им се расплака во прегратка. Потоа неговите браќа разговараа со него.

16. Гласот се расчу во фараоновиот дворец: „Јосифовите браќа стигнаа!” Тоа им беше мило на фараонот и на неговите царедворци.

17. А фараонот му рече на Јосифа: „Кажи им на своите браќа нека го направат ова: ‘Натоварете ги своите добичиња и тргнете веднаш во Ханаанската Земја.

18. Земете ги татка си и своите семејства и дојдете при мене! Јас ќе ви ја дадам најдобрата земја во Египет, па ќе уживате во изобилството на земјава.’”

19. А го заповеда и ова: „Направете вака: Од Египетската Земја, спотерајте коли за своите деца и за своите жени, земете го таткото и дојдете.

20. Нека вашите очи не се натажат за вашите работи, зашто сè што е најдобро во Египет, ќе биде ваше.”

21. Израелевите синови направија така. Според фараоновата повелба Јосиф им даде коли и храна за по пат.

22. Секому од нив му даде нова облека, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет облеки.

23. Исто така, му испрати на татка си: десет ослиња натоварени со најдобри египетски плодови, и десет ослиња натоварени со жито, леб и прехранбени производи, за по пат на таткото.

24. Испраќајќи ги своите браќа на пат, им рече: „Не се препирајте патем!”

25. И така, тие си отидоа од Египет и стигнаа во Ханаанската Земја, при татка си Јакова.

26. Кога му рекоа: „Јосиф е жив и уште повеќе - владее над целата Египетска Земја!” Неговото срце се скамени, зашто не можеше да им верува.

27. Но кога му раскажаа сè што им рече Јосиф, и кога ги видоа колите, што ги испрати Јосиф, за да го превезат, духот на татка им Јакова оживе.

28. „Доста - рече Израел. - Мојот син Јосиф уште е жив. Треба да тргнам и да го видам пред да умрам.”