поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Евреите 5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите,

2. како оној кој може да биде благ кон оние кои не знаат и се заблудени, зашто и самиот е со слабост.

3. И заради тоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси.

4. И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона.

5. Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,”

6. како што Тој и на друго место вели: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.”

7. Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста.

8. Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе

9. и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение,

10. наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков.

11. За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање.

12. Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна.

13. Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец.

14. А тврдата храна е за полнолетните, кои преку навика, ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло.