поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Евреите 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа треба да внимаваме повеќе на она што го чувме, за да не отпловиме во било кое време;

2. зашто, ако словото изговорено преку ангелите се покажа цврсто; и ако секој престап и секоја непослушност примила праведна отплата,

3. како ќе и избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение, кое почна со Господовото проповедање, а кое е потврдено на нас од оние, кои го чуле,

4. откако Бог го посведочи со знаци, и со чуда, и со разни сили, и со раздавање на Светиот Дух според Својата волја.

5. Зашто не им го покори на ангелите идниот свет, за кого што зборуваме;

6. но некој некаде посведочи и рече: „Што е човекот, та да го спомнуваш; или човечкиот син, та да го посетуваш?

7. Само за малку си го направил помал од ангелите, и си го овенчал со слава и чест и си го поставил над делата од Твоите раце;

8. сè си потчинил под неговите нозе.”А кога му покори сè, ништо не му остави непокорено. Но сега уште не гледаме дека му е покорено сè.

9. Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите” - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.

10. Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сè и преку Кого е сè, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение.

11. Зашто и Оној Кој осветува и оние кои се осветувани, сите се од Еден; затоа не се срами да ги нарече браќа

12. кога вели: „Ќе им го навестам Твоето име на Своите браќа, ќе Те фалам среде собранието,”

13. и пак: „Јас ќе се надевам на Него,” и пак: „Еве јас и моите деца, кои ми ги даде Бог.”

14. Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот,

15. и да ги избави оние, кои заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство.

16. Зашто навистина, Тој не им даде помош на ангелите, туку дава помош на Аврамовото семе.

17. Затоа требаше во сè да стане како Своите браќа, за да биде милостив и верен Првосвештеник пред Бога, за да изврши помирување за гревовите на луѓето.

18. Бидејќи, затоа што и Самиот трпеше кога беше искушуван, може да им помогне на оние кои се искушувани.