поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Евреите 8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во ова што е кажано главно е: имаме таков Првосвештеник, Кој седна оддесно на престолот на Величеството во небесата

2. како служител на Светилиштето и на вистинскиот Шатор, што го подигна Господ, а не човек.

3. Зашто секој првосвештеник се поставува за да принесува и дарови и жртви, затоа е потребно и тој да има што да принесе.

4. Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто тука има такви, кои ги принесуваат даровите според Законот;

5. тие им служат на сликата и на сенката на небесните нешта, како што му беше речено на Мојсеја, кога требаше да го направи Шаторот: „Гледај, рече, да направиш сè според образецот, што ти беше покажан на гората!”

6. И сега, доби толку повозвишена служба, колку што е посредник на подобриот завет, што е озаконет врз подобри ветувања.

7. Зашто, ако оној првиот завет беше без недостаток, не ќе се бараше место за вториот.

8. Зашто укорувајќи ги, им вели: „Еве, идат денови вели Господ, и ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом;

9. не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, - вели Господ.

10. зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11. И ниеден веќе нема да го поучува својот ближен и ниеден својот брат, велејќи: „Познај Го Господа, зашто ќе Ме познаваат сите од малиот до големиот меѓу нив,

12. зашто ќе бидам милостив кон нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!”

13. А кога вели „Нов”, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.