поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Стар Завет

Нов Завет

Евреите 6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа да ја оставиме почетната наука за Христа и да се обрнеме кон полна зрелост, не поставувајќи пак основа за покајание од мртвите дела и верата во Бога;

2. учењето за крштавањата, за полагање на раце, за воскресението на мртви и за вечниот суд.

3. И тоа ќе го направиме ако дозволи Бог.

4. Зашто е невозможно оние кои еднаш се просветени и кои го вкусиле небесниот дар, станувајќи учесници на Светиот Дух

5. и кои ги вкусиле: доброто Божјо слово и силите на идниот век,

6. а сепак отпаднале - пак повторно да бидат обновени за покајание, зашто тие повторно Го распнуваат за себеси Божјиот Син и Го срамат отворено.

7. Зашто земјата која го впива дождот, што често паѓа на неа, и која им раѓа полезни растенија на оние за кои и се обработува, добива благослов од Бога;

8. но ако раѓа трње и боцки, не чини и е близу до проклетството; нејзиниот крај е во горењето.

9. А за вас, возљубени наши, иако зборуваме вака, сме уверени за подоброто кое го придружува спасението.

10. Зашто Бог не е неправеден па да ги заборавил вашето дело и љубовта, што ја покажавте кон Неговото име, откако им послуживте и им служите на светите.

11. Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно,

12. и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.

13. Зашто кога Бог му даде ветување на Авраама, немајќи никој поголем за да се заколне во него, се заколна Сам во Себе,

14. велејќи: „Навистина ќе те благословам премногу и ќе те размножам и преумножам.”

15. И така, Аврам трпејќи го доби ветеното.

16. Имено, луѓето се колнат во она што е поголемо, и секоја нивна препирка свршува со заколнување за потврдување.

17. Затоа и Бог, сакајќи поверодостојно да им ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва,

18. така што преку тие две непроменливи работи, во кои Бог не може да измами, да имаме цврст поттик, ние кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта што е поставена пред нас.

19. Неа ја имаме како безбедна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата,

20. каде што Исус влезе за нас како претходник, откако стана вечен Првосвештеник по редот Мелхиседеков.