6. кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;
7. како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е верен служител Христов заради вас,
8. и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
9. Затоа и ние, од оној ден кога го чувме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10. та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,
11. укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и великодушност со радост,
12. благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,
13. нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот возљубен Син,
14. во Кого имаме откуп преку крвта Негова и простување на гревовите.
15. Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;
16. бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
18. И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.
19. Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,
20. и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21. И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,
22. сега ве примири во телото на Неговото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,