3. Па така и ние, додека бевме малолетни, бевме поробени од стихиите на светот;
4. но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот,
5. за да ги откупи оние што се под Закон, та да го примиме посинувањето.
6. А бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Ава, Оче!
7. Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Божји преку Исус Христос.
8. Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови кои по својата природа не се богови;