Нов Завет

Филимон 1:17-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене.

18. Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.

19. Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен.

20. Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ.

Прочитајте целосна глава Филимон 1