поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4

Нов Завет

2 Тимотеј 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Проповедај го Словото

1. И така, те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство:

2. проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.

3. Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;

4. тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки.

5. Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на благовестител, службата своја исполнувај ја доб­ро!

Настапува времето за заминување

6. Зашто јас веќе се изливам како жрт­ва леаница, а времето за моето за­ми­ну­вање настапи.

7. Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив.

8. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување.

Последни пораки

9. Погрижи се да дојдеш кај мене ско­ро!

10. Зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Со­лун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене.

11. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата!

12. А Тихик го пратив во Ефес.

13. Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.

14. Ковачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови!

15. Од него пази се и ти, бидејќи тој не­обично многу се воспротиви на нашите зборови!

16. При мојата прва одбрана никого не­маше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!

17. Но Господ беше со мене и ме зак­репна, та преку мене да се утврди Бла­говестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на ла­вот.

18. Господ ќе ме избави од секакво ло­шо дело и ќе ме запази за Своето небес­но царство. Нему слава во вечни векови. Амин!

Завршни поздрави

19. Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.

20. Ераст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милит.

21. Побрзај да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клавдија и сите браќа.

22. Господ Исус Христос нека е со твојот дух! Благодат на сите вас! Амин!