поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4

Нов Завет

2 Тимотеј 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

За последните денови

1. Но ова знај го: во последните дено­ви ќе настанат тешки времиња.

2. Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивси, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,

3. непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,

4. предавници, пребрзи, надуени, пове­ќе сластољубиви отколку богољубиви,

5. на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!

6. Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,

7. жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.

8. Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се про­ти­ват на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.

9. Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.

10. Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,

11. на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Ико­ни­ја, и во Листра, какви прогони пре­тр­пев; и од сѐ Господ ме избави.

12. А и сите, што сакаат да живеат по­божно во Христос Исус ќе бидат го­нети.

13. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.

14. Но ти остани во тоа што си го нау­чил и што ти е поверено, знаејќи од ко­го си го научил,

15. бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.

16. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поп­равање и поучување во праведност,

17. за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро де­ло.