поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3

Нов Завет

Тит 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поздрав

1. Павле, слуга Божји и апостол на Исус Христос за верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината по побожноста,

2. со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,

3. во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,

4. до Тит, моето вистинско чедо по за­едничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Хрис­тос, нашиот Спасител!

Задолженијата на Тит во Крит

5. Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите гра­дови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:

6. ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.

7. Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни ла­ком за гнасна печалба,

8. туку гостољубив, доброљубив, трез­вен, справедлив, свет, воздржлив;

9. кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.

Лажните учители

10. Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,

11. на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.

12. Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лаж­ливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“

13. Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,

14. и да не слушаат јудејски бајки и за­поведи од луѓе, кои одвраќаат од вистината.

15. За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста:

16. тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и неспособни за никакво добро дело.