поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4

Нов Завет

2 Тимотеј 2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поднесувај ги страдањата како добар војник

1. Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус,

2. и сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат.

3. Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.

4. Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојднев­ниот живот, за да му угоди на својот војсководач.

5. А, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се бо­рел според правилата.

6. Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.

7. Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!

Спомни си за воскреснатиот Исус

8. Спомнувај си Го Господ Исус Хрис­тос од Давидовото семе, Кој вос­кресна од мртвите, според моето Еван­гелие,

9. поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.

10. Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.

11. Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.

12. Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.

13. Ако не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се од­рече.

Распространувај го правилно Словото на вистината

14. Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, заш­то препирките ништо не помагаат, а са­мо им штетат на оние што слушаат.

15. Погрижи се пред Бога да се дока­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.

16. А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.

17. И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

18. кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збид­на­ло, и со тоа им попречуваат во верата на некои.

Основата поставена од Бога

19. Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20. Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

21. И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.

Слуга на Господа

22. Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!

23. Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!

24. А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да под­не­сува зло,

25. со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,

26. и да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја ис­пол­нуваат неговата волја.