1. Од презвитерот – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината;
2. поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас до века.
3. Да биде со нас благодатта, милосрдието, мирот од Бог Отецот и од Господа Исуса Христа, Синот на Отецот во вистина и љубов!
4. Многу се зарадував, зашто најдов некои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.
5. И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме едни со други.
6. А љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;
7. бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист.
8. Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда.
9. Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.
10. Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го;
11. зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела.