поглавја

  1. 1

Нов Завет

2 Јован 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поздрав

1. Од презвитерот – до избраната гос­поѓа и нејзините чеда, кои ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината;

2. поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас до века.

3. Да биде со нас благодатта, мило­срди­ето, мирот од Бог Отецот и од Гос­пода Исуса Христа, Синот на Отецот во вистина и љубов!

Заповед на љубовта

4. Многу се зарадував, зашто најдов не­кои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.

5. И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме ед­ни со други.

6. А љубовта се состои во тоа, да пос­тапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;

Антихристи

7. бидејќи во светот влегоа мнозина из­мамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист.

8. Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете пол­на награда.

9. Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.

10. Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го;

11. зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела.

Поздрави

12. Вистина, имав многу да ви пи­шу­вам, но не сакав на книга и со мастило, зашто се надевам дека ќе дојдам кај вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна.

13. Ве поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!